Нов Блог на БЛОГЕРАЈ
Линкам на
http://www.burevesnik.info
сајтот на новинарот Божиновски каде се објавуваа преродбенички пикантерии и добивам
Потикнати од новиот проект на северниот сосед ,владата на Грујо, заради успешно остварување на наместените тендери за кои што е потеребно пријавување на две-три фирми
учесници,подготвила нов проект :
www.Kobozem-tender.mk
на коишто ќе се пријавуваат фирми учесници кои сигурно нема да добијат на тендерот ама ќе добијат одредена надокнада за да победи “наместената “ фирма, а тендерот да не пропадне.
За проектот подетално
——————-
П.С. да не речете дека ширам дезинформации, ова е сајт којшто третира озбилни теми, ама на “неозбилен“ начин
Штрајк со глад за неменување на името Македонија
А, бе, добро, еве третина од народов е во пуста сиромаштија и нема леб да јаде, значи автоматски штрајкуваат.
Уште една третина без работа , + штрајкувачи.
Е, сега, онаа третина што мрси,може сигурно да ги замрси работиве!?
Што ти значи животот!?
Колку и да негираш нешто, да си умислуваш дека е така само како ти сакаш и кога тогаш … туп.. ќе ти светне пред ( или во очи) толку што ќе мора да ги погледнеш фактите во право светло.
Што се вели пред фактите и боговите молчат (море, и ќе го сменат своето боговско мислење) еве, и во Бугарија велико бугарското “вјерују“ -сите само(национално) Бугари – пред
животните “национални“ факти трпи узбунувачки промени.
Имено, според професорите од Центарот за демографска политика во Софија,“до 2050 година Бугарите во својата матичната држава ќе бидат трет народ по бројност“.
Според демографските предвидувања,Ромите толку “напредуваат“ што за неколку децении Бугаристан ќе стане Ромистан.
Колку и да ја држат националаната графа отворена само за “Бугари“ и затворена за другите, животните факти ја поразуваат (велико)бугарската еднонационална доктрина.
И иако великобугарскиот шовинизам и кај професориве не може да го свари сеуште македонскиот факт, “националната “графа е веќе јавно проширена и ќе мора да се впише и македонскиот факт.
Е, сега ако ова се спореди со барањата-тужбите од Македонците во Грција и особено од Бугарија заради негирање на нивните елементарни човекови и малцински права- со спроведување на вистинска децениска тортура кон нив – за коишто има позитивни пресуди со казна за државите од по 5000 евра- мора да се зачудите и да се прашате: ако не ти дозволиле да врцкаш масовно со (машко)дупе по улица – 30 000 евра казна, а за тортура, душа да ти вадат со децении, да те негираат целосно, да живуркаш под државна присила- (со сила) 5000 евра казна и пак не се спроведуваат судските одлуки во целост – за признавање на елементарни права на Македонците – што значи државната практика на присила и натаму се применува.
И, Стразбург, и ЕУ (комитетот на министри) (како и НАТО) “педерски“ си молчат.Ни чуле ни виделе!?
Дали ова значи дека Македонците треба да се изјаснат како хомосексуалци и да организизраат постојано етничко-хомосексуални паради за да можат да се покажат во јавноста и како такви -хомосексуалци- ќе можат да добијат повеќе и етнички права!?
Е, па, навистина е ова ( како што вообичаено се вели) “педерски“ од Стразбург.
( веднаш П.С. она “пи.ки“ треба да за замени со “пизди“ )
БЛОГЕР ОСУДЕН НА 19 ГОДИНИ РОБИЈА
А, богами, како се “препородуваме“, кај да е , ќе се прослави белким некој и од овде, а?
Онлајн “експерти“ за штедење
Британската Влада ја повика јавноста да ги приложи своите идеи за штедење преку интернет, оценувајќи го проектот како најголемо ангажирање на јавноста досега.……………..
Министерот за финансии на Британија, Џорџ Озборн, изјавил дека Владата е исправена пред предизвик од животно значење, бидејќи едноставно нема доволно пари.
“Затоа барам од сите во државата да ги испратат своите идеи… Лоцирајте ги трошоците, што треба да отфрлиме, што можеме да подобриме, потребни сте и` на Владата, ве молам контактирајте нè…Треба да се справиме со големиот национален долг и да ја зацврстиме нашата економија,“ изјавил Озборн.
Британска Влада во 2010/2011-та сака да ги намали јавните расходи, за што вработените во јавниот сектор веќе испратиле 60.000 сугестии во рок од две недели.
……………Е, сега ако британската влада е така отворена и признава дека е кнап со трошоците и бара најотворено,поттикнувачки, помош од јавноста-граѓаните “….Лоцирајте ги трошоците, што треба да отфрлиме, што можеме да подобриме, потребни сте и` на Владата, ве молам контактирајте нè…“ таа мора да биде трансперентна со сите ставки од буџетот- од каде се парите ,каде се трошат , колку се троши – и тоа не го прави за да остане по секоја цена на власт туку “…Треба да се справиме со големиот национален долг и да ја зацврстиме нашата економија.“
Или овие незнаат да владеат или се толку кусогледи што не можат да го видат македонското чудо од владеење!?И, што прави владата на Македонија – нема да речам “македонската влада“ зошто во суштина е антимакедонска ( како и секоја власт што била досега во Македонија од осамостојувањето).
Министер за финансии не знае колку е долгот на државата, не знае ( за јавноста колку и каде се трошат парите) и се “извлекува “ со будалаштини “ ќе било подобро да не била кризата“(!??)
И ќе си се задолжува од страна ,ќе “упаѓа“ во полето на НБ само да присобере времено некоја пара за да закрпи некоја дупка,несвесна дека прави уште поголема дупка за понатаму па ќе не придружи не Елада(на клада) наместо да копираме нешто од Британија.Се предлага закон(измена) за легализирање на владиното своеволие за неплаќање на долговите кон фирмите,одбива предлози од страна на бизнис заедницата,синдикатот, а граѓаните како и да не постојат.( За скопјаните малку и полесно, ете ќе имаат градска (вмро)плажа, па можат помасовно и полесно да си се “уфрлат“ во Вардар- за навек.
Јавноста-граѓаните и се потребни на власта само при кадросување на владата, сечење на ленти,лопатирање за кадар, и нормално за избори, а во меѓувреме ,седите си дома и гледајте си (М)ТВ зошто можете да налетате ,по голема веројатност ,на цивилно службено лице од МВР-ето и да си го окркате.Зошто ако можат вака во Собрание,за надвор ич да не праиме муабет.Министер(ка) за внатрешни дели лекции во Собрание зошто делува исклучиво според “правилник на МВР-ето“ , а не по устав и Закон.
И се’ такави демократски преродбенички дејанија. Да ти се згади и да те онеми….
А, кај нас, чии се и кај се парите!??Море, кај се обвинителите!???
Се’ иде под тепих….
А, богами, и со грчка помош.
Што се вели, чувај се од Грците кога дар ти носат, а уште повеќе кога ти се во куќа…